Ѓоковиќ пред полуфиналето со Хрватска: Oвие мечеви секогаш носат посебен жар

Полуфиналето од Дејвис купот ќе го одбележи екс-југословенски дуел во кој силите ќе си ги одмерат Србија и Хрватска. Ѓоковиќ и Троицки на патот до четирите најдобри репрезентации славеа против тенисерите на Казахстан, додека Мекиќ и Павиќ го добија дуелот против Италија.

Дуелите на Србите и Хрватите секогаш носат и дополнителен жар, а токму за тоа говореше и рекетот број еден кој имаше и пофални зборови за хрватските колеги.

„Очигледно е дека постои големо ривалство бидејќи сме соседни држави, а со тоа и дополнителен притисок, но и мотивација. Дополнителни очекувања на двете нации да стигант до победа. Тоа не е само полуфиналето, играат Хрватска и Србија. Без обѕир што и да се случи на теренот, тоа што е многу убаво се позитивните пораки, почитта и пријателството со тие момци на теренот и надвор од него“, изјави Ѓоковиќ.

„Тие момци играат одлично. Го знам Чилиќ, имавме неколку тешки дуели во минатото. Гојо е еден од најголемите изнанадувања на турнирот го доби Сонега во Италија што е импресивно. Млад е и одлично сервира. Го имаат најдобриот дубл на светот. Мектиќ и Павиќ кои ги добиваат поголемиот дел од мечевите кои ги играат. Го видовме тоа на турнирот па јасно е дека не очекува тешок натпревар“

Се вчитува...