Ѓоковиќ предводник, тенисерите со ултиматум до УС опен

Тениската асоцијација на САД, АТИ и најдобрите светски тенисери одржале непријатен состанок, пренесува шпанска „Марка“. Како што се наведува во реноминираниот шпански весник организациите и тенисерите се собрале како би разговарале за УС опен и Синсинати мастерсот.

Тенисерите веќе некое време бараат Американската тениска асоцијација да им обезбеди по враќањето во Европа да не мора да бидат во задолжителен карантин. Тоа се очекуваше да биде завршена работа, но неодамнешното откажување на Мастерсот во Мадрид, доведе до голема несигурност. „Марка“ пишува дека топ 20 тенисерите, предводени од Новак Ѓоковиќ, минатиот викенд му поставиле на УС опен ултиматум, дека доколку има карантин по враќањето во Европа тие нема да се дојдат во Њујорк.

Останува да ја видиме конечната одлука. Според сегашниот календар, Синсинати мастерсот треба да почне на 22. август, додека Американскиот грен-слем е закажан за периодот од 31. август до 13. септември.

Се вчитува...