Ѓоковиќ прекина тренинг во Њујорк, има ли простор за загриженост пред УС Опен?

Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите навивачи во пресрет на настапот на УС Опен, откако неочекувано го прекина тренингот во Њујорк.

Српскиот тенисер тренираше со Белгиецот Зизу Бергс, но на теренот се задржа само околу 40 минути. Во моментот кога ја прекина сесијата, Бергс имаше предност од 3-0.

Ѓоковиќ потоа го напушти теренот, што веднаш предизвика шпекулации за неговата физичка состојба, особено поради тоа што УС Опен е пред самиот почеток.

Сепак, важно е да се нагласи дека засега нема официјална потврда дека Ѓоковиќ има повреда. Раното завршување на тренингот може да биде дел од планот за подготовка и дозирање на напорот пред стартот на турнирот.

Ѓоковиќ во Њујорк пристигна со големи амбиции. И покрај годините, 24-кратниот Грен слем шампион и понатаму цели на највисоките достигнувања, а УС Опен е неговата голема шанса за уште еден историски трофеј.

Се вчитува...