Ѓоковиќ пријави само еден турнир за продолжението на сезоната

Новак Ѓоковиќ успешно се опоравува од Ковид-19 и се очекува наскоро да почне со подготовки за подготвување на сезоната. Најдобриот тенисер во светот доби големи критики поради одржување на „Адриа тур“, а најмногу од нив беа директно од Соединетите американски држави.

На сајтот на Србинот моментално пријавен е само Ролан Гарос, а останува да се види дали во меѓувреме Новак ќе се одлучи да игра и на некој од американските турнири или дополнително ќе се пријави за еден од европските Мастерси (Мадрид и Рим).

Тениската сезона ќе го има својот рестарт со турнирот во Вашингтон на 14. август, а потоа следи мастерсот во Синсинати, па потоа УС опен кој на програмта е од 31. август до 13. септември. По американската турнеја ќе се игра во Европа на земја. Предвидени се турнирите во Коцбил (8. септември), Мадрид (13. септември) и Рим (20. септември), по кој е предвидено да се игра Ролан Гарос на 27. септември.

Се вчитува...