Ѓоковиќ провоциран од италијански новинар со слики од Надал и Федерер, но „сервираше“ одличен одговор

На он-лајн прес-конференцијата за враме на Ролан Горас, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби бројни прашања од новинари и медиумски куќи ширум светот.

Интересен разговор имаше и со италијанскиот новинар Убалдо Сканага, кој свесно со фотографии на Роџер Федерер и Рафаел Надал во својата позадина се приклучи на линкот притоа со само едно провокативно прашање до Новак: „Зошто мора детално да одговора на секо прашање?“

Ѓоковиќ, со насмевка, даде смирен одговор до италијанскиот новинар во свој стил…

„Ти благодарам, затоа што тоа го сметам за комплимент. Со оглед на тоа дека не се гледаме во живо малку потешка е комуникацијата и затоа се обидувам попрецизно да одговорам на сите прашања. За убаво да се разбереме“ – одговори Ѓоковиќ дополнувајќи го коментарот и за фотографиите на Надал и Федерер во позадина.

„Знам дека ти си еден од моите омилени новинари, но очигледно јас не сум еден од твоите омилени тенисери. Гледам во позадина две интересни лица“ – низ смеа прокоментира српскиот тенисер на што Италијанецот немаше контра-реплика.

Се вчитува...