Ѓоковиќ првпат отворено за разделбата со Иванишевиќ: Дојдовме до точка на заситеност, немам јасна слика кој ќе биде нов тренер

По речиси шест години меѓусебна соработка, Новак Ѓоковиќ се одлучи да ја прекине соработката со досегашниот свој тренер Горан Иванишевиќ.

Ѓоковиќ информацијата за разделбата со хрватскиот тренер ја објави преку својот Инстаграм профил заблагодарувајќи се на Иванишевиќ, а сега првпат отворено пред српските медиуми даде поопширен коментар за таа негова одлука.

„Горан е пред се пријател за цел живот, мој и на моето семејство. Исклучителн ми е драг, крајот на професионалната соработка не значи и крај на пријателството. Разделбата беше навистина позитивна, колку што може да биде еден таков момент, дојде до точка на заситеност по пет години заедничка работа. Испишавме заедно историја на нашиот спорт, освојувавме грандслемови, минавме низ сито и решето – дисквалификација, депортација… Секогаш ќе се сеќавам дека пред се и од човечки аспект беше тука за мене, таквите вредности беа пред се друго во нашиот однос. Од таа хемија дојдоа и толку добри резултати. Навистина му посакувам се најдобро“ – вели Ѓоковиќ.

А, околу тоа кој ќе биде наследникот на Иванишевиќ…

„Уште немам јасна идеја кој би можел да биде тренер и дали некој воопшто ќе биде. Имав тренери од мали нозе, сега се обидувам да почувствувам и сам што е тоа што ми треба. Во секој случај, каква и да биде одлуката, ќе бидете навремено информирани“ – истакнува Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...