Ѓоковиќ: Рафа е легенда, Синер е најдобар

Рафаел Надал неодамна објави дека нема да игра на Мастерсот во Монте Карло, а пред почетокот на тој турнир еден од неговите најголеми ривали Новак Ѓоковиќ изрази надеж дека Шпанецот ќе се врати на терените.

Српскиот тенисер беше прашан за играњето со 14-кратниот шампион на Отвореното првенство на Франција, на што тој даде потврден одговор.

„Тој е легенда на овој спорт и како љубител на тенисот се надевам дека ќе игра на Ролан Гарос. За тенисот е важно да може да игра, особено оваа година за која рече дека можеби ќе му биде последна. Никој освен Надал нема право да каже што е добро за него“, рече Ѓоковиќ.

Ќе биде интересно да се види колку добро може Јаник Синер на земјена подлога, за кого Ѓоковиќ признава дека е најдобар оваа година.

„Јаник е најдобриот тенисер досега оваа година. Имаше неверојатен успех. Многу напредуваше. Генерално, со неговата игра, неговиот сервис, неговото движење и неговиот менталитет, тој секогаш беше во врвот. Разликата помеѓу Јаник во последните шест месеци и Јаник пред тоа е дека сега добива големи натпревари“, заклучи Ѓоковиќ. 

Се вчитува...