Ѓоковиќ размислува да продолжи без тренер

Новак Ѓоковиќ се врати назад во Белград каде малку се релаксира пред наредните предизвици во оваа 2024 година, а Србинот во меѓувреме ја изненади спортската јавност со одлуката да се раздели од Горан Иванишевиќ, кој во последните шест години му беше тренер на најдобриот тенисер на денешницата.

Веднаш се појавија бројни шпекулации околу тоа кој би можел да го замени Иванишевиќ како прв тренер на Новак, но самиот Ѓоковиќ обелодени дека е далеку од таква одлука, воедно и дека размислува дали воопшто да ангажира нов тренер по разделбата од Хрватот.

„Веќе реков, со Горан дојде до презаситување и верувам дека разделбата беше неминовна. Јас и тој напишвме бројни страници во историјата на нашиот спорт, освоивме многу гранслем турнири. Знам дека некои моменти не беа пријатни за него како и за мене, но тој секогаш беше тука за мене и јас нема да го заборавам тоа. Човечките вредности секогаш беа пред се во нашиот однос, тој е мој пријател за цел живот, пријател на моето семејство и тоа што ја прекинавме соработката не значи дека веќе не сме пријатели. Што се однесува до наредната етапа, уште немам јасна идеја кој би можел да дојде и да ми помогне. Не знам ни дали воопшто ќе имам нов тренер. Секогаш имав тренери крај себе, уште од мали нозе, сега се уште немам јасна визија што точно ми е потребно, па затоа и не можам да говорам за имиња“, истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...