Ѓоковиќ се „испоти“ за прва победа против Краиновиќ во кариерата

Првиот рекет на светот Новак Ѓоквиќ имаше тежок меч против сонародникот Филип Краиновиќ во осминафиналето од АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим. Иако Новак го доби мечот со маскимални 2-0 по сетови 7-6 и 6-3 не беше така лесно. Во првиот сет Краиновиќ цело време беше во егал, а најдобриот тенисер во светот успеа да го скрши отпорот дури во тај-брејкот кој го доби со 9-7. Во вториот сет поискусниот Србин направи два брејка кои беа доволни за прв триумф против Краиновиќ и израмнување на 1-1 во меѓусебните дуели.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот меѓу младата италијанска сензација Лоренцо Мусети и Германецот Доминик Кефер. Меѓу осумте најдобри во машкиот дел од турнирот досега пласман обезбедија и Григор Димитров, Матео Беретини, Денис Шаповалов и Каспер Руд.

 

Се вчитува...