Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3. коло на Ролан Гарос, откако вечерва славеше над Унгарецот, Мартон Фучович со максимални 3-0, по сетови 7-6, 6-0 и 6-3.
Во првиот сет Ѓоковиќ веднаш направи брејк и поведе со 5-2. Унгарецот успеа да се врати и да го одведе сетот во тај-брејк. Таму по час и половина игра Србинот славеше со 7-2 за водство од 1-0.
Вториот сет популарниот Ноле конечно одигра на високо ниво и без изгубен гејм успеа да поведе со 2-0. Во третиот сет Ѓоковиќ славеше со 6-3 за конечен триумф од 3-0.
Во 3. коло српскиот тенисер за противник ќе го има Шпанцеот, Алехандро Давидович-Фокина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА