Ѓоковиќ се мачеше, викаше доктори, но успеа да се пласира во следната рунда во Пекинг

Новак Ѓоковиќ продолжува со настапите на турнирот во Пекинг, откако по голема по голема борба на теренот и надвор од него, успеа да го совлада Кинезот Јибинг Бу во три сета и тоа со 4:6,7:6,6:2 и да обезбеди пласман во четвртфиналето.

Ѓоковиќ не го започна мечот на посакуваниот начин. Домашниот тенисер одигра одлично во првиот сет и успеа да го изненади српскиот тенисер.

 

 

Притоа, Ѓоковиќ мораше да побара медицински тајм-аут и да интервенираат докторите. Најверојатно Ѓоковиќ имаше проблеми со дишењето, поради што му се вршеше масажа на стомакот.

 

 

Сепак, кога беше најпотребно, Ѓоковиќ покажа зошто со години е меѓу најуспешните тенисери во историјата. Го подигна нивото на игра, започна да врши поголем притисок врз сервисот на противникот и постепено го презеде мечот во свои раце.

По израмнувањето на 1:1 во сетови откако вториот сет го доби во тај-брејкот,, Ѓоковиќ продолжи во ист ритам и во решавачкиот сет, каде што успеа да го скрши отпорот на Бу и да стигне до голем пресврт. Во третиот сет, Новак поведе со 3:0 правејќи два брејка и без проблеми го приведе мечот до крајот.

По мечот, српскиот тенисер имаше пофални зборови за својот противник, кој со својата игра му создаде сериозни проблеми.

„Бу е навистина жилав, но јас сум пожилав“, во свој стил прокоментира Ѓоковиќ по победата.

 

Се вчитува...