Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/4 финалето на Мастерсот во Монте Карло, откако го победи Италијанецот Лоренцо Мусети со 2-0 (7-5, 6-3) за нешто помалку од 2 часа игра.
Така Ѓоковиќ му се реваншираше на Италијанецот за минатогодшниот пораз на истото место во истата рунда на натпреварувањето.
Мусети веќе во првиот гем направи брејк, но Ѓоковиќ успеа да се врати и да го добие сетот, и на 6-5 да направи брејк и да го добие сетот. Во вториот сет брз брејк на Србинот за 2-0, а потоа Италијанецот врати за 1-2, но одново Ѓоковиќ дојде до брејк за 3-1. На 4-2 Мусети прави брејк, и се чинеше дека ја враќа неизвеноста, но тоа не го дозволи Ѓоковиќ кој успеа да дојде до победа.
За пласман во полуфинале, Ѓоковиќ ќе се бори за Алек Де Минаур од Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА