Новак Ѓоковиќ имаше лошо загревање за УС Опен откако тенискиот великан испадна на самиот старт од Мастерс-турнирот во Синсинати. Србинот за противник го имаше аргентинскиот тенисер Тијаго Агустин Тиранте (моментно на 50. место на АТП-листата), од кого по голема борба беше поразен со 1-2 во сетови.
Кога Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-2 се чинеше дека фаворитот рутински ќе ја одработи задачата, но продолжението од мечот донесе сосема поинаква слика.
Новак почна да се мачи со движењата, се жалеше на превисоката температура, а Тиранте знаеше како да го искористи тоа, добивајќи го вториот сет со 6-4.
Во третиот Ѓоковиќ заигра подобро, но при 4-4 и 40-40 направи две почетнички грешки, му подари брејк на противникот, кој на крајот сосема заслужено се израдува на големата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
