Ѓоковиќ секој нов ден испишува нова историја во светскиот тенис

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ по втор пат за два дена испиша нова историја. Со триумфот над Лоренцо Музети во осминафиналето стана тенисер со најголем процент на победи, а со победата над Алекс де Минор денеска собори уште еден рекорд.

Исто како и во четвртокот, Новак го престигна Рафаел Надал на вечната листа, овојпат по бројот на полуфиналиња на турнирите од серијата 1.000. Ѓоковиќ го обезбеди своето осмо полуфинале во Монте Карло, а вкупно 77. на Мастерс 1000 турнирите, додека Рафа остана на 76. полуфинални дуели.

Роџер Федерер до полуфиналето стигнуваше 66 пати, Енди Мареј 33, додека Андре Агаси успеа да го стори тоа 32 пати. Исто така, Новак со 36 години и 11 месеци стана најстариот полуфиналист во Монте Карло.

Се вчитува...