Ѓоковиќ со победа над Крајиновиќ го стартуваше походот кон титулата во Виена

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ со победа над сонародникот Филип Крајиновиќ со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-3 го стартуваше походот кон титулата на АТП 500 турнирот во австриска Виена.

Како и во Рим пред месец и половина двајцата тенисери во првиот сет играа тај-брејк, кој далеку поискусниот го доби со 8-6. Во вториот сет Ѓоковиќ заигра далеку подобро и успеа да го добие со 6-3.

Во осминафиналето на турнирот Ѓоковиќ ќе игра со Борна Чориќ кој вчера беше подобар од Американецот Тејлор Фриц.

 

Се вчитува...