Ѓоковиќ со победата над Бу собори еден рекорд и израмни друг на Надал

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со тешката победа над Кинезот Јуначаокете Бу во три сета и тоа со пресврт (4:6,7:6,6:2) на турнирот во Пекинг, испиша нова тениска историја.

Ѓоковиќ со пласманот во четвртфиналето ја продолжи неверојатната серија која ја има на турнирот во Пекинг. Ова беше негова 31 победа во 31-от меч на турнирот во Пекинг, со што го израмни рекордот на неговиот поранешен голем ривал, Рафаел Надал, кој од своето деби на Роланд Гарос во 2005 година, нанижа 31 победа на грендслем турнирот кој се одржува во Париз.

 

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Александер Зверев – Јунченг Шанг и доколку победи ќе го надмине Надал и ќе дојде до бројката од 32 победи во 32 меча. Ѓоковиќ нема пораз на турнирот во Пекинг, а титулите ги освојуваше во 2009,2010,2011,2012,2013,2014 и 2015.

Ѓоковиќ не запира тука со испишување на тениска историја. Тој со 39 години стана најстариот тенисер во историјата кој воопшто стигнал до четвртфинале на турнир од серијата АТП500.

Се вчитува...