Новак Ѓоковиќ предизвика бура во тениската јавност со најновиот предлог за промена на правилата во белиот спорт. Голем дел од експертите се загрижени бидејќи тенисот се повеќе губи на популарност, особено кај помладата популација, а српскиот великан верува дека знае како тоа може да се промени.
Според Новак, клучно е да се намали времетраењето на мечевите, што може да се регулира со неколку промени во правилата што ќе го направат тенискиот спорт уште поинтересен.
„Мислам дека на тенисот му треба нов систем на бодување. Сетовите не треба да траат до шест, туку до четири гејма. Исто така, мислам дека ќе е интересно да се избрише играњето на два поени предност откако ќе се стигне до израмнување, кој ќе го добие поенот по 40-40 го освојува гејмот. Мечевите треба да се играат до три добиени сетови, но тие би траеле пократко со овој мој предлог. На тој начин, мечевите не би траеле повеќе од два часа и тенисот секако повторно би било многу поинтересен за обичните гледачи“, порача најдобриот тенисер на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
