Ѓоковиќ со прва победа по Вимблдон

Новак Ѓоковиќ конечно успеа да се врати на победнички патеки откако српскиот тенисер стигна до триумф на премиерниот дуел во Пекинг каде за противник го имаше Португалецот Боргес.

Тенискиот великан се наоѓаше во сериозна криза, испаѓајќи на стартот на сите турнири по Вимблдон вклучувајќи го и УС Опен, но Ѓоковиќ денеска покажа квалитет, стигнувајќи до заслужена победа од 2-0 во сетови.

Тој направи брејк на самиот почеток од првиот сет, по што рутински го контролираше текот и славеше со 6-3. Вториот сет мина во израмнета битка во која Новак за момент имаше проблем со движењето по теренот, но Србинот успеа да го надмине тоа и да слави во тајбрејкот.

Следен противник на Ѓоквиќ на овој турнир ќе биде Кинезот Бу, кој денеска славеше со 2-1 во сетови над Черундоло од Аргентина.

Се вчитува...