Ѓоковиќ со трогателна порака за малата Данка: Кога исчезна, не соедини во молитва

Србија во последните денови ја погоди тешка трагедија. Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26. март и оттогаш се трагаше по неа, се до вчера кога беше откриено дека ја убиле двајца работници на Водовод, откако ја удриле со автомобил и го однеле телото во депонија.

Трагедијата доби регионална, па дури и меѓународна покриеност, а од младата Данка се простија многу спортисти, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ.

Светскиот рекет број еден неделава се подготвува за претстојниот Мастерс турнир во Монте Карло, а преку платформата Инстаграм изрази жалење за починатата Данка. Тој сподели слика од малото девојче со натпис: „Кога исчезна, не соедини во молитва“.

Се вчитува...