Новак Ѓоковиќ максимално подготвен и мотивиран допатува во Њујорк, каде тенискиот великан вечерва ќе го стартува настапот на УС Опен.
Сонот останува ист, да се стигне до 25. гранслем титула во кариерата, но Ѓоковиќ не сака да лета високо со најавите, свесен дека беше елиминиран во раната фазаво Синсинати.
„Искрено, никогаш не ми се допаѓа да испаднам рано, но поразот во Синсинати ми даде доволно време да се подготвам на најдобар можен начин за УС Опен. Имав две седмици навистина да тренирам, да ги доведам и телото и умот во вистинската состојба за она што ме очекува. Не би сакал да говорам за прогнози, можам да кажам дека сум подготвен и верувам дека ќе играм добар тенис, ќе видиме како ќе изгледа тоа на терен бидејќи не е лесно кога играте мечеви во три добиени сета во серија“, истакна Ѓоковиќ.
Српскиот ас својот прв меч на УС Опен ќе го игра рано наутро (околу еден часот по македонско време), а противник ќе му биде Маријано Навоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
