Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја заврши 2026 година со пораз во второто коло на Мастерсот во Париз од Ринки Хиџиката. Оваа сезона е најлоша за Новак од 2005 година кога станува збор за настапите на Мастерс турнирите.
Тој во 2026 година немаше ниту еден пласман во четвртфиналето на турнирите од серијата Мастерс 1000. Тој годинава настапи на пет од деветте Мастерс турнири и најдалеку стигна во Индијан Велс каде загуби во осминафиналето.
На турнирите во Рим, Синсинати и Шангај загуби во второто коло откако стартот го пропушташе како еден од главните носители.
Тој не настапи на турнирите во Мајами, Монте Карло, Мадрид и во Канада.
Вкупниот скор на Мастерс турнирите во 2026 година на Новак Ѓоковиќ е само три победи и пет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
