Ѓоковиќ веднаш го напуштил тенискиот центар, не се појавил ниту на прес

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС опен откако несмасно со топче ја погоди линиската судијка на мечот против Карено Буста. Ѓоковиќ кој изгуби брејк за негатива од 6-5 во првиот сет во момент на нервоза го удри топчето кое заврши во лицето на линиската судијка. Луѓето кои се наоѓаат во Њујорк и се запознаени со ситуацијата на УС опен пренесуваат дека Новак го напуштил тенискиот центар и не се појавил на прес-конференција по мечот.

 

Се вчитува...