Паузата меѓу Австралија опен и американската турнеја најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја искористи за посета на Белград, но и за необичен вид на рекреација. Тој мина една минута и 45 секунди во ледена вода во еден планински поток. Србинот по рецептот на Вим Хоф се капеше во ледена вода.
„Константин и јас го преживеавме планинскиот поток минута и 45 секунди. Се е во начинот на размислување. Да се практикува ваков начин на капење знам дека изгледа лудо, но е многу значајно за тренирање на умот и телото. Низ различни техники како што се дишењето можеме да се смириме доволно да можеме да издржиме во екстремни услови како што се овие и полесно можеме да се бориме со секојдневниот стрес. Ги користам методите на Вим кои се важни за животот. На сите им советувам да го пробате овој предизвик“, напиша Ѓоковиќ на инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА