Ѓоковиќ во одбрана на судијката: Таа не направи ништо лошо…

Новак Ѓоковиќ во првото обраќање до јавноста по инцидентот не го обелодени идентитетот на судијката што случајно ја погоди во вратот и беше дисквалификуван, стравувајќи од притисок од неговите фанови врз неа. Во меѓувреме сепак набрзо се дозна дека сстанува збор за 56-годишната Лаура Кларк, по што Ѓоковиќ повторно се појави во јавноста, овојпат барајќи поддршка за судијката.

„Мили мои, ви благодарам за поддршката. Ве молам да се потесстите дека и судијката која беше погодена со топчето треба да ја има вашата поддршка. Таа не направи ништо лошо, затоа ќе ве молам да и дадете поддрша во овој период. Од овој момент сите сме заедно и ќе се издигнеме над сите проблеми. Европо, доаѓам“, напиша Ѓоковиќ во најновата порака на профилите на социјалните мрежи.

Српскиот тенисер поради дисквалификацијата остана без освоените бодови, како и без парите што требаше да ги добие како заработка од настапот на УС Опен.

Се вчитува...