Ѓоковиќ за бомбардирањето на Белград: Бев мало дете, додека бегавме од бомбите паднав, а мојата фамилија…

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ говореше за најтешките моменти во неговиот живот.

Во документарниот филм „Волкот во зима“, Новак Ѓоковиќ зборуваше за бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО во 1999 година. Српскиот тенисер се присети на тие ужасни моменти.

„Една од првите ноќи на бомбардирањето, нашата зграда немаше засолниште. Затоа моравме да одиме во друга зграда. Трчавме кон таа друга зграда. Глетката беше страшна, бидејќи беше два или три часот наутро. Беше темно. Гледате луѓе како трчаат наоколу, во паника. Не знаеја каде да одат, се обидуваа да си ги спасат животите. Се сопнав и паднав. Ја гледав мојата фамилија како трча на петнаесет метри од мене. Се обидував да викам: ‘Помогнете ми’. Не ме слушнаа. Се свртев и погледнав кон нашата зграда. Стоев на дождот, во темнината“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...