Ѓоковиќ: Зошто да не ги укинеме линиските судии во тенисот?

Новак Ѓоковиќ реди лесни победи на своите мечеви на Ролан Гарос, но затоа многу поинтересни се неговите прес-конференции, на кои српскиот тенисер отворено ги критикува случувањата во тенисот. Така, првиот носител на вчерашното обраќање пред новинарите се осврна на линиските судии, тврдејќи дека тие не се неопходни и можат да бидат заменети со технолшки изум.

„Со сета должна почит кон традицијата и културата на овој спорт, кога станува збор за луѓето присутни на самиот терен и на линиските судии, не гледам зошто во ваква технолошка ера не се направи чекор и на ова поле. Технологијата толку напредуваше, нема причина се уште да имаме судии на теренот освен главниот арбитар. Разбирам дека е скапо за некои турнири, постои економски проблем, но треба да се размислува за тоа – нема да има причина да имаме линиски судии. Во ред е за децата што собираат топки, но не гледам зошто судиите би останале освен поради некоја традиција. Тогаш најверојатно би имал помали шанси да го направам она што го направив во Њујорк“, изјави Ѓоковиќ, потсетувајќи се на инцидентот кога случајно погоди една од линиските судијки, за што беше дисквалификуван од УС Опен.

Србинот е без загубен сет во првите три кола од Ролан Гарос, а за ривал во осминафиналето ќе го има Русинот Хачанов.

Се вчитува...