ГОЛ НА КОЛОТО: Бразилецот Да Силва ја „собра пајажината“ од голот на Победа… (ВИДЕО)

Македонија ЃП сосема очекувано стигна до убедлива победа од 3-0 против Победа во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ до водство од 1-0 дојдоа со голот на Кировски во 44. минута, а по киксот на гостинскиот голман…

Но, дефинитивно, моментот на мечот е голот за 2-0 на Бразилецот Робсон Да Силва кој, без сомнение, го постигна најубавиот погодок на колото со прекрасен шут од 20 метри…

Конечните 3-0 ги постави и вториот Бразилец во редовите на Македонија ЃП, Пауло Карваљо во 85. минута.

Се вчитува...