ГОЛ на осминафиналето во Купот: Мајсторија со ножички на Ѓорѓиев за победа на Брегалница (ВИДЕО)

Брегалница се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија откако во осминафиналето славеше со 1-0 против Пелистер на дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

И покрај целосната доминација во текот на целиот натпревар, и нереализираните шанси на Додев, Ѓокиќ, Ристевски и Касми, на крајот триумфот дојде со еден погодок.

Творец на победата беше резервистот Ѓорѓи Ѓорѓиев кој во 64. минута постигна вистински еврогол со ножички. По акцијата на Николов и убавото нафрлување на Коцев од десната страна, Ѓорѓиев запиша мајсторија со ножички постигнувајќи голот на осминафиналето во Купот на Македонија…

Се вчитува...