Гол на сезоната: Соиграч на Чурлинов стрелаше од 60 метри (видео)

Голот на сезоната во втората германска лига беше постигнат во последното коло, и тоа од соиграч на Дарко Чурлинов од Шалке, Уругваецот Родриго Залазар.

Шалке веќе ја осигура промоцијата во елитното друштво и денеска без резултатски притисок гостува во Нирнберг, меч на кој Залазар постигна неверојатен погодок од над 60 метри. На средина од првото полувреме Чурлинов ја смири топката на половината на Шалке, Залазар реши да си ја испроба среќата и шутираше директно кон голот, а на воодушевување на навивачите и фудбалерите на Шалке таа заврши во мрежата.

Се вчитува...