Гол-шоу на Мбапе на дебито на Меси за ПСЖ (видео)

ПСЖ славеше со 0-2 на гостувањето против Ремс, меч што ќе остане запаметен како деби на Лионел Меси во дресот на францускиот гигант по мегатрансферот од Барселона.

Аргентинецот влезе во игра во 66. минута на местото на Нејмар, па прашање е дали некогаш ќе ги видиме во ист тим Нејмар, Меси и Мбапе, со оглед на неизвесниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Во меѓувреме, францускиот репрезентативец беше брилијантен на денешниот натпревар, со два гола, на дуелот што може да биде негов последен во дресот на „светците“од Париз.

Се вчитува...