Гол за аналите: 30 години од ремек-делото на Ерол Демир, еден од најубавите голови во југословенскиот прволигашки фудбал (ВИДЕО)

Ерол Демир засекогаш ќе остане запаметен како еден од најкреативните фудбалери кои некогаш биле дел од најтрофејниот македонски клуб.

Поранешниот член на младинската репрезентација на СФРЈ, засекогаш ќе остане запаметен и по еден од најубавите голови во историјата на југословенскиот прволигашки фудбал. Точно пред 30 години, пролетта 1991 година, Ерол Демир го постигна голот за аналите на дуелот меѓу Вардар и ОФК Београд на Градскиот стадион во Скопје.

Минувајќи повеќе од половина тим на противникот, низ соло-продор од 50 метри, Демир мајсторски погоди за водство на Вардар…

Голот на Демир таа сезона беше прогласен и за еден од пет најубави во прволигашките конкуренции во поранешна Југославија.

Се вчитува...