Левандовски не може да каже НЕ – 90 милиони евра на маса

Роберт Левандовски се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата, но последната понуда што ја доби асот на Барселона дефинитивно е неодолива.

Извори блиски до полскиот голгетер тврдат дека тој има на маса 90 милиони евра за едногодишен договор, ако прифати да се пресели во Саудиска Арабија. Ал Хилал е клубот што сака да го види Левандовски во своите редови, а чии газди не жалат пари за да го доведат како најнова „ѕвезда“ на лигата. Овој тим е во офанзива и за потписот на Мохамед Салах, па желбата е јасна – да се направи напаѓачки тандем од соништата со кој Ал Хилал следната сезона би ги нападнал сите трофеи.

За Левандовски се интересира Порто, Легија му нуди враќање назад во татковината, а италијанските гиганти Милан и Јувентус веќе испратија понуди, но ниту една од нив не достигнува ниту десет милиони евра, камоли овие сензационални 90 што се на маса од Саудиска Арабија.

Во ситуација кога е блиску до завршување на кариерата, логичен потег би бил да се избере Ал Хилал, но Левандовски најави дека конечната одлука ќе ја обелодени по завршувањето на сезонава.

Се вчитува...