Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека ништо не зависи од неговиот тим во борбата за титулата.
Две кола до крајот, Арсенал има предност од два бода во однос на „граѓаните“. Шпанецот е свесен дека се уште се е отворено, но дека мора да се надеваат на кикс на ривалот.
„Знаеме дека по Брентфорд и Кристал Палас ништо не зависи од нас. Се уште се надеваме. Бормут е следен. Погледнете колку добро играат. Потоа ја имаме Астон Вила. Унаи е одличен тренер. Ќе се обидеме да направиме се што е до нас“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
