Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар од бараж-двомечот против Словачка за пласман на Светското првенство.
Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров го најави овој натпревар…
„Влогот е многу голем, сите знаеме за тоа и ние и македонската јавност. Континуитетот на големите натпреварувања е уште еден притисок за сите нас. Противникот е неатрактивен, но тоа не значи дека не е квалитетен. Напротив, мислам дека треба да го почитуваме секој противник. Секогаш е тешко да се игра на гости, затоа очекувам тврд и физички тежок натпревар, со многу тензии. Но, сметам дека искуството е на наша страна кога станува збор за вакви натпревари“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
