Лео Меси продолжува со импресивните настапи од стартот на новата МЛС-сезона откако аргентинскиот генијалец го предводеше Интер Мајами до нова победа, овојпат од 3-5 на гостувањето против Синсинати.
Меси го заврши мечот со два гола и две асистенции, со што заслужено се закити со МВП признанието.
Последниот погодок на Интер требаше да биде и хет-трик за Аргентинецот, но топката заврши во гредата, се одби од грбот на голманот и се врати во мрежата, што значеше и автогол на домашниот голман.
Меси има 11 гола на првите 12 средби во новата сезона од МЛС, а Интер Мајами се искачи на второто место во Источната конференција.
📹 FULLTIME – Match highlights
🔵 FC Cincinnati 3-5 Inter Miami CF 🟣
▪️ Lionel Messi struck for a brace to help lead Inter Miami to a wild 5-3 win over FC Cincinnati.#MLS #CINvMIApic.twitter.com/DoxHRRosJQ
— FC One Football (@FCOneFootball) May 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
