Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Лионел Меси го зголеми својот рекорд на голови на сите времиња на Светските првенства на 21 погодок. Аргентинецот исто така го зголеми и рекордот на голови на последователни натпревари. Сега Меси има голови на девет натпревари по ред на Мундијалите.
Аргентина имаше негатива од два гола до 78 минута. Тоа е првата селекција која успеала да се врати од негатива толку доцна и во регуларен дел да го добие натпреварот, односно да не игра продолженија.
Аргентина имаше само 0,6% шанси за победа до 77 минута, пред голот на Ромеро.
Голот на Енцо Фернандез беше 3000-тиот постигнат гол во историјата на Светските првенства.
Европа третпат има шест репрезентации во 1/8 финале после 2006 и 2018 година. Освен Аргентина и Мароко, сите други селекции се европски: Франција, Англија, Белгија, Швајцарија, Шпанија и Норвешка.
Швајцарија ја оствари само втората победа на пенали на големите турнири, вклучувајќи ги Европските првенства.
Колумбија е елиминирана од сите три натпревари од нокаутфазата во кои се изведувале пенали.
Тимот кој шутира втор пенали во серијата, ги доби 13-те од последните 15 изведувања на удари од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
