Селекцијата на Египет не се помирува со начинот на кој беше елиминирана од Светското првенство. Иако водеа со 2-0 против Аргентина до 79-тата минута, на крајот претрпеа болен пораз од 3-2 и беа елиминирани од четвртфиналето.
Веднаш по натпреварот, Египетската фудбалска асоцијација поднесе официјална жалба до ФИФА во врска со судењето на Французинот Франсоа Летексие. Освен што бараат истрага за неговите одлуки, тие бараат и Летексие и неговите помошници повеќе да не судат до крајот на Светското првенство, пишува аргентински TyC Sports .
Во жалбата се две ситуации за кои Египќаните веруваат дека имале одлучувачко влијание врз исходот од натпреварот.
Првиот е поништениот гол на Мостафа Зико во 58-та минута поради прекршок на Марван Атија на почетокот од акцијата, додека вториот се однесува на, како што тврдат, неосуден прекршок врз Мохамед Салах пред победничкиот гол на Енцо Фернандез. Египќаните истакнуваат дека ВАР воопшто не реагирал во таа ситуација.
„Ова беше неправда. Се чини дека сите сакаа Меси да остане на турнирот. Меси е маркетиншки потег“, рече луто селекторот на Египет по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
