Тотенхем експресно го остави зад себе разочарувањето од Супер-купот на Европа против ПСЖ, па „спарси“ триумфално ја отворија новата премиерлигашка сезона славејќи на домашен терен над Барнли со 3-0.
Во главна улога беше Ришарлисон, кој повторно доби предност во нападот пред Соланке и со два гола (двата на асистенции на Кудус) го предводеше Тотенхем во овој триумф. Особено убав беше вториот погодок, вистинско ремек-дело со ножички, со кои Бразилецот потсети на своите најдобри денови во кариерата. Конечните 3-0 ги постави Џонсон.
Вест Хем настрада во првото коло откако новиот премиерлигаш Сандерленд ги демолираше „чеканите“ со 3-0. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме, а стрелци на головите за повратникот во елитното друштво беа Ејенда, Белард и Исидор.
Најинтересно и најнеизвесно беше на дуелот Брајтон – Фулам, на кој гостите со голот на Муњиз во 95. минута се спасија од пораз (1-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

