Голден Арт КЛ7 се засили со Пеце Рајатоски (ФОТО)

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 се засили со поранешниот јуниорски репрезентативец Пеце Рајатоски со што воедно и го комплетираше составот кој следната сезона ќе се бори за влез во Суперлигата.

Рајатоски кој во скопскиот клуб доаѓа од суперлигашот Струга игра на позициите десен бек и десно крило и се очекува да биде од огромна помош за амбициите на клубот.

Се вчитува...