Голден Арт сигурен против Мулти Есенс

Ракометарите на Голден Арт славеа на домашен терен со убедливи 30-21 против Мулти Есенс во натпревар од 8. коло во Б групата од новата сезона во Суперлигата на Македонија.

Поискусниот прволигаш уште од самиот старт почна фуриозно па веќе на полувреме имаше сигурна предност од плус пет (15-10). До крајот на натпреварот домаќинот само рутински ја заврши работата за конечни 30-21.

Јанкоски, Шилегов и Милошески со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци завршија Карасманакис, Јорданов и Илиески.

Се вчитува...