Голден Арт загуби од Олимпијакос, Бутел од Татран Прешов на турнирот во Охрид

Голден Арт доживеа пораз од грчки Олимпијакос, а Бутел од Татран Прешов во денешните натпревари на второто издание од Интернационалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ во Охрид.

Голден Арт успешно парираше на Олимпијакос во текот на целиот натпревар, но не успеа да стигне до победата. Македонскиот тим на крај загуби со 26-28 од Олимпијакос кој во финалето на турнирот против Еурофарм Пелистер ќе се бори за златото.

Татран Прешов, пак, очекувано победи со 32-25 против Бутел кој играше сосема израмнето полувреме (16-16) но потоа во вториот дел потклекна.

Татран Прешов ќе го чека резултатот од натпреварот меѓу Металопластика и Еурофарм Пелистер за потврда на второто место во групата, зад Еурофарм Пелистер, и борба за бронзата.

Се вчитува...