Голден Стејт без Дурант во серијата против Хјустон

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант нема да може да им помогне на соиграчите во продолжението на полуфиналната серија против Хјустон во Западната конференција во НБА лигата.

Дурант се повреди во победата од 104-99, по која „воините“ поведоа со 3-2 во серијата. По деталните анализи објавено е дека тој го повредил бутниот мускул на десната нога и ќе мора да паузира седум дена.

Во текот на вчерашниот ден тренерот на Голден Стејт, Стив Кер кажа дека Дурант нема да игра на шестиот натпревар од серијата, но по деталните анализи тој нема да може да им помогне на своите соиграчи и во евентуалниот седми натпревар.

Позитивна информација за актуелниот шампион во НБА е дека Дурант ќе биде подготвен доколку неговиот тим се пласира во финалето во Западната конфереција.

Се вчитува...