Голден Стејт е ептен силен: „Метла“ за Портланд и без помошта на Дурант

Голден Стејт уште еднаш ја демонстрираше својата моќ во НБА-лигата, во голем стил стигнувајќи до петтото финале по ред, демолирајќи го составот на Портланд со максимални 4-0 во финалето од Западната конференција. Исходот е уште поимпресивен ако се знае дека „воините“ во текот на целата серија не можеа да сметаат на Кевин Дурант, но сепак доминираа во пресметките со Портланд, не дозволувајќи му на ривалот да се израдува на ниту една победа.

Синоќешниот четврти натпревар воедно беше и најнеизвесен, по 48 минути игра резултатот беше израмнет, но „воините“ беа поумешни во продолжението и триумфираа со конечни 117-119. Избраниците на Стив Кер повтоно се најдоа во незавидна ситуација, во еден момент имаа негатива од 17 поени, но на крајот успеаја да го најдат патот до победата.

Воедно, Стеф Карии и Дрејмонд Грин испишаа историја, станувајќи првите соиграчи што успеале на ист натпревар од плејофот да остварат трипл-дабл. Кари реализираше 37 поени, 12 скока и 11 асистенции, додека Грин го заврши мечот со 18 поени, 14 скока и 11 асистенции.

Се вчитува...