Голден Стејт е најдобар на Запад, како лидер влегува во плеј-офот (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт како лидер на Западната конференција ќе влезе во разигурвањето за титулата откако го осигура првото место со тирумфот во репризата на ланското финале победувајќи го Кливленд со 120-114. Првакот ќе ја има предноста на домашен терен во текот на плеј-офот. Стеф Кари со 40 поени беше предводник во 55-та сезонска победа.

Денвер е се поблску до потврда на втората позиција на Запад, а ја осигура дивизиската титулата со тирумфот над Портланд од 116-110. „Нагетс“ ќе ја имаат предноста на домашниот терен во првото коло од плеј-офот. Пол Мислап беше прв стрелец во новата победа со 25 поени додека Никола Јокиќ беше на чекор до нов трипл-дабл, постигна 22 поени, имаше и 13 асистенции и девет скока.

Од водечката четворка во Западната конференција победи забележаа и Хјустон и Јута. Третопласираниот Хјустон славеше над Њујорк со 120-96, додека Јута која ја држи четвртата позиција забележа триумф над Сакраменто од 119-98.

Во градската пресметка за Лос Анџелес, „Лејкер“с ги победија „Клиперс“ со 122-117 и им ја отежнаа агендата за избегнување на осмото место на Запад кое носи пресметка со Голден Стејт во првото коло од разигрувањето. Клиперс се на шестото место, но позицијата им ја загрозуваат Сан Антонио и Оклахома.

Во дербито на Исткот, Бостон во гости ја победи Индијана со 117-97 и сега двете екипи имаат по 80 одиграни натпревари, а Бостон е на четвртото место со скор 48/32. Во источната конференција не се потврдени уште три позиции за плеј-офот. Во моментов ги држат Орландо, Детроит и Бруклин.

 

 

 

Се вчитува...