Голден Стејт е во шампионски ритам, се врати Демаркус Казинс (ВИДЕО)

Демаркус Казинс, еден од најдобрите центри во НБА лигата е повторно на терен. Првакот Голден Стејт имаше трпение да потпише договор со него и покрај повредата и да чека тој комплетно да се опорави. По речиси една година Казинс се врати, постигна 14 поени во сигурниот триумф на Голден Стејт од 112-94 над Лос Анџелес Клиперс за седма последовна победа.

Шампионот има 32/14 и му побегна на Денвер на две победи повеќе, двата состава имаат по 14 порази на врвот на Западната конференција. Клиперс пак по лошата серија од пет последовни порази паднаа надвор од плеј-оф зоната. Со ефект од 24/21 сега се на деветтото место, пред нив се проби градскиот ривал, Лос Анџелес Лејкерс кој има една победа повеќе и идентичен број порази.


Кајри Ирвинг беше клучната фигура во втората врзана победа на Бостон. Тој постигна 38 поени во триумфот од 122-116 над Мемфис. Бостон останува петти на Исток со ефект од 27 победи и 18 порази, Мемфис е последнопласиран во Западната конференција.

 

Дианџело Расел постигна рекордни во кариерата 40 поени во драматичната победа на Бруклин над Орландо од 117-115. ЗА Бруклин ова беше седма последовна победа и поради одличната форма во последниов период се наоѓа на шестата позиција во Источната конференција со биланс од 24/23. Орландо е дури 11. на Исток.

Се вчитува...