Голден Стејт го наплати долгот со камата

Голден Стејт екпресно се рехабилитираше од поразот на домашен терен од ЛА клиперс, па синоќа со доминантна игра го растури истиот ривал во Лос Анџелес со 105-132. Клучно беше првото полувреме во кое „воините“ шутираа со 73% успешност од поле, создавајќи си 19 поени предност што за разлика од претходниот натпревар овојпат го зголемија до конечни „плус 27“. Дурант беше незапирлив и го заврши натпреварот со 38 поени, додека Стеф Кари учествуваше со 21 поен во овој триумф на актуелните шампиони.

Сан Антонио поведе со 2-1 во серијата против Денвер, добивајќи го првиот домашен натпревар со 118-108. Дерик Вајт го одигра својот најдобар плејоф-меч во кариерата постигнувајќи 28 поени за победничкиот тим, додека кај гостите од Денвер српскиот центар Никола Јокиќ реализираше 22 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Филаделфија веднаш го врати „брејкот“ на Бруклин, славејќи на првиот гостински натпревар со 115-131. Бен Симонс со 31 поен и девет асистенции го предводеше својот тим до овој триумф, а голем придонес имаше и од Харис, кој го заврши натпреварот со 29 поени и 16 скокови.

Се вчитува...