Голден Стејт го запре Хјустон (ВИДЕО)

Голден Стејт е првиот тим кој по девет последовни успеси ја запре триумфалната серија на Хјустон. Победи во драмтичното дерби во Тексас со 106-104 благодарение на слободните фрлања што на шест секунди пред крајот ги погоди Стеф Кари. Џејмс Харден потоа беше на линијата за слободни фрлања, намерно го пормаши вторто, но идејата не му успеја со оглед дека топката заврши во рацете на Андре Игудала.

Голден Стејт можеше уште предтходно да ја осигура победата со оглед дека имаше 13 поени предност во средината од последната четвртина, но Хјустон со серија од 8-0 внесе неизвесност, но не успеа да направи комплетен пресврт.

Во репризата на ланското конференциско финале, Клеј Томпсон беше најефикасен кај Голден Стејт со 30 поени, Демаркус Казинс имаше 27, Стеф Кари уфрли 24 поени. Џејмс Харден средбата ја заврши со 29 поени, Крис Пол постигна 24, Ерик Гордон 17.

Со овој пораз, Хјустон е на биланс од 42/26 и сега е на четвртото место во Западната конференција со оглед дека ривалот за третото место Оклахома славеше над Бруклин со 108-96 и сега исто така има ефект 42/26.

Јута немаше никакви проблеми во пресметката со Феникс, тирумфираше со 114-97 и го задржува седмото место на Запад каде се води жестока битка за позициите во плеј-офот. Мајами го победи Детроит во пресметката на екипите кои се борат за последните позиции кои водат во разигрувањето преку Источната конференција. Мајами славеше со 108-74, а во прилог му оди и поразот на Орландо од Вашингтон со 100-90, па сега е на осмата позиција.

Се вчитува...