Голден Стејт не го дава врвот на Запад, Хјустон обезбеди плеј-оф (ВИДЕО)

Со победата над Њу Ореланс од 113-90, Хјустон додје до биланс од 47/27, третото место во Западната конференција и до седмо последовно учество во НБА плеј-офот. Со 28 поени за 29 минути, Џејмс Харден беше нејефикасен на средбата во која неговиот тим постигна дури 21 тројка.

Стеф Кари се врати во тимот на Голден Стејт и со 26 поени го предводеше првакот до победата од 121-114 над Детроит благодарение на која, екипата од Оукленд повторно е првопласирана во Западанта конференција. Голден Стејт сега има биланс 50/23, а ривалот за лидерската позиција, Денвер има ефект од 49/23 откако загуби од Индијана со 124-88. Овој тирумф на Индија пак значи место во разигрувањето за четвртопасираниот состав во Источната конференција.

Лос Анџелес Лејкерс конечно ја прекинаа лошата серија од пет последовни порази со тирумфот над Сакраменто од 111-106. Успехот не значи многу со оглед дека „лејкерс“ веќе се простија од шансите за палсман во плеј-офот.

Шарлот во драматичен натпревар го победи Торонто со 115-114 и му го нанесе вториот последовен пораз на кандаскиот тим кој и натаму е второпласиран на Исток зад неприкосновениот Милвоки кој оствари тирумф од 127-105 над Кливленд.

 

 

Се вчитува...