Битката за НБА титулата се враќа во „Оракал Арена“ во Оукленд откако Голден Стејт го доби натпреварот број пет со 106-105 и намали во финалната серија со Торнто на 3-2 во победи за канадскиот тим. Торонто пропушти прилика за историски успех на домашен терен, сега следната шанса, за четврта победа и за прв трофеј ќе ја има на противнички паркет, во шестиот натпревар закажан за ноќта меѓу четврток и петок.
Голем удар за бранителот на титулата е тоа што Кевин Дурент кој досега воопшто не играше во финалната серија, се обиде да помогне, но повторно се повреди и го напушти теренот на почетокот од втората четвртина.
Континуираната предност што во текот на мечот ја имаше Голден Стејт, на моменти и со 12 поени разлика можеше да падне во вода на пет минути пред крајот кога со серија од 10 врзани поени, Каваи Ленард му донесе предност на Торнто кој достигна и шест поени позитива, но „вориорс“ до крајот добро го чуваа Ленард, постигнаа три врзани тројки, во поседниот напад влегоа со 106-105, а кајл Лаури го промаши шутот за титула.
Стеф Кари беше лидер во победата на Голден Стејт со 31 поен, Клеј Tомпсон постигна 26, Демаркус Казинс 14, А Дрејмонд Грим имаше 10 поени, 10 скока и осум асистенции. На другата страна, Каваи Ленард беше прв стрелец со 26 поени, имаше и 12 скока, Кајл Лаури постигна 18, Марк Галсон 17, а Среж Ибака 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА