Голден Стејт нема доволно пари за Дарио Шариќ

Дарио Шариќ и во четвртиот ден од трансфер рокот во НБА лигата е без клуб. За хрватскиот репрезентативец постои интерес од повеќе клубови, меѓу кои е и Голден Стејт Вориорс, но понудите кои пристигнаат не ги задоволуваат финансиските побарувања.

Тоа го потврди и неговиот агент Мишко Ражнатовиќ кој даде изјава за хрватските медиуми.

„Имаме доста понуди на маса, но тие се уште не се финансиски задоволувачки, вклучувајќи ја онаа на Голден Стејт“, изјави агентот.

Шариќ кој еднаш важеше за најголемиот талент на хрватската кошарка во НБА лигата пристигна по настапите на Загреб, Цибона и Ефес, а во најсилното првенство ги бранеше боите на Филаделфија, Минесота, Феникс и Оклахома.

Се вчитува...